Македонските фанови ќе можат лично да ги испратат нашите најдобри фудбалери на ЕП во Романија и Холандија, затоа што за пријателските натпревари со Словенија и Казахстан закажани на 1 и 4 јуни во Скопје ќе се отворат трибините за нашите навивачи.
Според најавата, Владата ќе дозволи присуство на навивачи и на двата контролни меча и тоа во границите на 30% од вкупниот капацитет на Националната Арена. Тоа значи дека по околу 10.200 гледачи ќе можат да присуствуваат и на двата меча.
Тоа ќе биде одлична шанса за нашите навивачи да им ја дадат својата голема поддршка на нашите херои кои во Букурешт и Амстердам ќе дебитираат со настапите на континенталните шампионати.