Силекс останува без целиот тим, веројатно заминува и Симов, во Европа ќе игра без странци!

855

Фудбалско Кратово и ФК Силекс се уште се во шок. Минаа два дена од бараж дуелот со Тиквеш, на кој кратовци загубија и со тоа испаднаа од ПМФЛ. Во клубот се уште не може да поверуваат дека сезоната која започна како бајка, на крајот заврши како најстрашен хорор филм.

Сепак животот продолжува натаму.

Се прават планови што и како со играчкиот кадар. Имено на 15 јуни Силекс останува без целиот тим, со оглед на тоа дека автоматски им истекува договорот на сите фудбалери зошто кратовци ќе играат во понизок ранг.

Се настојува барем дел од играчите да останат и да играат во втора лига. Од оние кои што дефинитивно ќе си заминат се Горгиев, Карчески, Ивановски…

Веројатно ќе си оди и тренерот Горан Симов, но јасно е дека за тоа допрва треба да се види.

Инаку Силекс во Европа, во квалификациите за Конференциската лига ќе игра без странци. Тоа е одлука на клубот. Кратовци немаат намера да регистрираат странци само за Европа, ако се знае дека во втора лига тие немаат право на настап.

Па така по се изгледа дека во Силекс следува голем ремонт во деновите што претстојат.

ПретходноВладан Милојевиќ нов тренер на АЕК
СледноОдбојкарите во Хелсинки ќе ја добијат групата за ЕП 2021