Од денеска и официјално стартува боксерската реагионална лига, во која ќе учествува и нашиот претставник БК Вардар од Скопје.
Оваа лига беше официјализира пред неколку месеци, се со цел да не се дозволи и натаму да пропаѓа овој спорт на просторите на екс-СФРЈ.
Покрај БК Вардар, во оваа лига ќе учествуваат и екипите на Ц. Звезда (Србија), Лозница (Србија), Подгорица (Ц. Гора), Марибор (Словенија), Витези Загреб (Хрватска), Радник Бијелина (БиХ) и Железничар (БиХ).
Денеска во Скопје ќе се одржи првиот меч од оваа лига, и тоа меѓу нашиот Вардар и Лозница од Србија.