Фановите му фрлија пуканки, Вестбрук им се пушти (ВИДЕО)

395

Расел Вестбрук се повреди на вториот натпревар од разигрувањето. Тој мораше да го напушти теренот, настрада неговиот десен скочен зглоб. На патот кон соблекувалната ѕвездата на Вашингтон се соочија со непријатен момент.

Навивачите на Филаделфија го дочекаа на излезот и го маваа со пуканки. Вестбрук целосно ја загуби контролата, сакаше да се пресметка со нив, но на голема среќа не дојде до голем скандал.

Неговиот тим беше поразен на оваа средба со 120-95, Филаделфија поведе со 2-0 во плеј-оф серијата.

На останатите две средби, Њујорк после осум години дојде до победа во разигрувањето, ја совлада Атланта со 101-92 пред 16.000 навивачи. Роуз со 26 поени го предводеше својот тим, на другата страна Јанг имаше 30 поени.

На последната средба Јута беше подобра со Мемфис со 141-129 за изедначување на 1-1.

ПретходноЗидан никогаш не му прости на Перез за она што го стори
СледноПо триумфот на Виљареал во ЛЕ: Шпанија со пет екипи во Лигата на шампиони!