Челзи врати дел од билетите предвидени за финалето

535

Челзи врати повеќе од 800 билети за финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објави денеска Би-Би-Си. УЕФА им додели 5.800 билети на навивачите на Челзи, но некои од нив, вклучени во чартер пакетот за Порто за натпреварот, останаа непродадени.

“Инсистирањето на УЕФА за чартер летови првично поврзано со 90 % од билетите го натера клубот да врати дел од билетите. Не е исплатливо да се поминат 24 часа во Португалија со тестови на КОВИД-19 и дополнителни трошоци”. Продажбата на билети до 400 евра за финале со ограничен пристап со непотребно патување е скандалозна, кога имаше очигледни опции натпреварот да се игра поблиску до дома“, – велат од здружението на навивачи на клубот.

Вкупно 16.500 навивачи можат да присуствуваат на стадионот „Драгао“ во Порто.

ПретходноМилан го промовираше наследникот на Донарума (ФОТО)
СледноЕП 2021: Македонија оди во Тампере во група со Финска, Русија, Холандија…