Љафтов: Групата не е лесна, но ние ќе бидеме поискусни за едно ЕП

316

Македонската одбојкарска репрезентација по вторпат ќе настапи на завршницата на ЕП оваа есен. Денешната ждрепка во Хелсинки, сакаше Македонија да оди во групата во Тампере, Финска, каде за ривали ќе ги имаме селекциите на домаќинот Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија.

По ждрепката, првите импресии од групата и ривалите ги дадоа дел од репрезентативците кои се во Данска, каде утре почнуваат со настап на вториот турнир од Европската Сребрена лига.

„Играме во Финска. Групата не е така лесна, но не е ни претешка. Ќе бидеме малку поискусни, ова е наша второ учество, па ќе се подготвиме подобро. Ги знаеме Турција, Финска…, а останува да се бориме и со Русија, Холандија и Шпанија. Ќе се бориме, па останува да видиме како ќе биде“, вели нашиот репрезентативец Александар Љафтов.

фото: CEV.eu

ПретходноЛегендарниот напаѓач предупредува: Атмосферата во репрезентацијата на Австрија не е добра
СледноРеал најавува „распродажба“: Чао за Јовиќ, Себаљос, Дијаз, Мајорал, Азар, Асенсио…