Трофејниот српски стратег Владан Милојевиќ е нов тренер на тимот на АЕК од Атина.
Тој доаѓа на местото на шпанецот Маноло Хименез, и ја презема улогата на човек кој треба да донесе трофеји во клубот.
Од него се очекува многу, со оглед на фактот што со Црвена Звезда направи чуда, освојуваше титули во домашниот шампионат, и играше групна фаза во Лигата на Европа.