ЕП 2021: Македонија оди во Тампере во група со Финска, Русија, Холандија…

6539

Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против Финска, Русија, Холандија, Турција и Шпанија во рамките на групата „Ц“ на престојното европско првенство. На денешната ждрепка во Хелсинки, беа одредени четирите групи од по 6 селекции, а Македонија во своето второ учество на европските шампионати ќе патува во Финска, каде ќе се играат натпреварите во нашата група.

Со оглед на тоа што од Македонија само хрватска имаше послаб рејтинг, јасно е дека не можевме премногу да бираме со кого би биле во група. Сепак, групата во Тампере ќе биде исклучително интересна, со оглед на тоа што со Турција игравме и во квалификациите, Шпанија е селекција против која може да се надигруваме, Финците ни се должници, а сигурно ќе се обидеме да изненадиме и против Холандија и Русија.

ГРУПА „А“: Полска, Белгија, Србија, Украина, Грција, Португалија

ГРУПА „Б“: Чешка, Италија, Словенија, Бугарија,Белорусија, Црна Гора

ГРУПА „Ц“: Финска, Русија, Холандија, Турција, Шпанија, Македонија

ГРУПА „Д“: Естонија, Летонија, Франција, Германија, Словачка, Хрватска

ПретходноЧелзи врати дел од билетите предвидени за финалето
СледноНеверојатен интерес: Македонците испратиле 11.700 барања да купат билет за Евро 2020!