Foto>Twitter
Јувентус има нов тренер. По неуспешната сезона без титулата во Серија А, клубот го смени Андреа Пирло со еден од најуспешните стратези Масимилијано Алегри кој се враќа во старото јато после две сезони.
Алегри ќе се обиде да го врати Јуве на старите, шампионски патеки и конечно да го донесе трофејот од Лигата на шампионите. Тој со „Старата дама“ освои пет едноподруго титули во Серија А, два пати играше во ЛШ, а во 2019 торинскиот клуб реши да го разреши.
По него работеа Маурицио Сари и Пирло, но раководството сега го убеди Алегри да се врати.
Според медиумите договорот на Алегри со Јувентус е на четири години и плата од 9 милиони по сезона, повеќе од заработката што ја имаше претходно.
BREAKING: Reports Max Allegri has signed the four-year #Juventus contract. Announcement imminent.https://t.co/7aZURkLgqQ#SerieA #SerieATIM pic.twitter.com/c5N9sUjcKu
— footballitalia (@footballitalia) May 27, 2021
(☀️) Allegri 🇮🇹 has signed his contract with Juventus. ✍️✅ [@romeoagresti] #Juventus pic.twitter.com/UXxfaGEkvk
— RouteOneFootball (@Route1futbol) May 27, 2021