Реал најавува „распродажба“: Чао за Јовиќ, Себаљос, Дијаз, Мајорал, Азар, Асенсио…

893

Раководството на Реал Мадрид има намера да изврши генерално преструктуирање на тимот во летниот преоден рок. „Кралскиот клуб“ е подготвен да одвои 120-150 милиони евра за аквизиција на нови играчи, информира „Марка“.

Според изворот, буџетот за трансфери во Реал за ова лето ќе се формира со продажба на дел од постоечкиот играчки кадар. Први кандидати за заминување се Лука Јовиќ, Дани Себаљос, Борха Мајорал и Маријано Дијаз. Споменатите играчи играа или играат за други клубови на позајмица, а раководството на Реал не планира да ги врати во тимот.

Покрај тоа, „белите“ се подготвени да ги разгледаат предлозите за Еден Азар во висина од најмалку 50 милиони евра, а се „шушка“ дека на продажба ќе оди и Марко Асенсио.

ПретходноЉафтов: Групата не е лесна, но ние ќе бидеме поискусни за едно ЕП
СледноСе отвора Националната арена: Против Словенија и Казахстан пред 10.200 гледачи!