Ѓоковиќ, Надал и Федерер ќе се „требат“ до финале на Ролан Гарос!

365

Денеска беше извршена ждрепката за вториот Грен слем турнир оваа сезона, по што најдобриот тенисер на АТП истата, Новак Ѓоковиќ се најде во истата половина од „костурот“ со двата најголеми ривали- Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Тоa практично значи дека Ѓоковиќ за да ја освои титулата на терените во Париз ќе мора да ги мине и двајцата големи фаворити, секако доколку тие успеат да стигнат најмалку од четвртфиналето. Таму Ѓоковиќ за потенцијален ривал ќе го има Федерер, а со Надал би се сретнал евентуално во полуфиналето.

Во првото коло Ѓоковиќ ќе игра против американскиот тенис Сандгрен, Надал стартува против Попирин, додека Федерер чека некој од квалификантите.

ПретходноНеверојатен интерес: Македонците испратиле 11.700 барања да купат билет за Евро 2020!
СледноЛегендарниот напаѓач предупредува: Атмосферата во репрезентацијата на Австрија не е добра