Ќатип Османи: Ми истече договорот со Ренова, но најверојатно останувам!

463

Два дена после баражот со Охрид, во кој Ренова по малку и на среќа успеа да се спаси од испаѓање, сега полесно се дише во таборот на “гипсарите“. Откако се знае дека тимот од Џепчиште следната сезона ќе игра во елитната лига на Македонија треба да се види што и како со стручниот штаб. Имено не е тајна дека на Ќатип Османи му истече договорот.

Да, тоа не е тајна дека фактички мене ми заврши договорот со Ренова. Но има интерес од двете страни истиот да биде продолжен, па така најверојатно и следната сезона ќе бидам на клупата на `гипсарите`. Треба да седнеме деновиве и да се договориме. Се разбира дека потребни се неколку засилувања, не смееме да се ставиме во истата ситуација и следната сезона како оваа“ изјави за СПОРТМЕДИА, Ќатип Османи.

ПретходноЕлмас: Македонија цели кон уште поголеми успеси
СледноМалкумина играчи на Јунајтед излегоа големи од поразот (ВИДЕО)