Она што беше најавено денеска доби официјална потврда од Јувентус. Андреа Пирло повеќе не е тренер на тимот од Торино, челниците на клубот му се заблагодарија за соработката. Како негов наследник се најавува Масимилијано Алегри.
Пирло во редовите на Јувентус дојде на местото на Маурицио Сари минатото лето, под негово водство беше прекината доминацијата на „Старата дама“ во Серија А, титулата оваа сезона му припадна на Интер.
Thank you for everything, @Pirlo_official!
— JuventusFC (@juventusfcen) May 28, 2021