МЗТ Скопје по брза постапка го реши Пелистер за финале (ФОТО)

247

МЗТ Скопје е вториот финалист во плеј-офот. Тимот од Аеродром по брза постапка го реши Пелистер, на втората средба славеше со 89-78 за конечни 2-0, во битката за титулата за противник го има составот на Еуро Никел. Овие два тима после девет години одново ќе се сретнат во финалето, тогаш како победници излегоа скопјани.

Олуџоби со 20 поени беше прв стрелец, Стојановски имаше 13 поени, еден помалку запиша Магдевски. Стајиќ беше на ниво на задачата со 30 поени, но се покажаа како недоволни.

Избраници на Дарко Радуловиќ го заслужија триумфот, беа подобар противник во текот на целиот меч. Пелистер само двапати водеше на оваа средба и тоа на стартот со 0-2 и 3-4. МЗТ Скопје во првата четвртина имаше двоцифрена предност од 23-13. Во следниот период, битолчани се доближија на 41-39, Николов и Бојиќ за кратко време ја вратија пристојната предност.

И по одморот домашните кошаркари ја имаа контролата на резултатот, битолчани како да немаа сили за целосен пресврт. На стартот на последната четвртина, МЗТ Скопје поведе со двоцифрени 74-62, а мечот беше решен на нецели нецели минути до крајот. Тимот од Аеродром набилда позитива од 82-69, на другата страна гостите се обидуваа да приредат пресврт, но секој обид завршуваше без успех.

Радуловиќ и неговите кошаркари ќе имаат шанса оваа сезона да ја завршат со двојна круна, но за тоа ќе треба да го минат незгодниот Еуро Никел.

ПретходноКлозе со здравствени проблеми, принуден е да го остави фудбалот
СледноКолумбија без Хамес на Копа Америка, причината слаба форма на ѕвездата