РК Еурофарм Пелистер денеска и официјално постигна согласност за нов договор со ракометарот Мирко Радовиќ.
Десното крило на црногорската репрезентација и во сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на битолскиот суперлигаш. Обновувањето на договорот на една сезона доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските простории следната недела.
30-годишниот Радовиќ веќе три сезони е во Битола и досега има 51 настап за црногорската репрезентација.