Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Илкај Гундоан би можел да го пропушти утрешното финале во Лигата на шампионите.
Гундоан почувствувал болка во бутниот мускул на денешниот тренинг пред мечот со Челзи и со потешкотии го напуштил тренингот.
Сега останува на медицинскиот тим на „граѓаните“ да видат колкав е степенот на повредата и дали проблемот ќе биде решен до утре вечер.
Гундоан беше еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити оваа сезона.