Мартин Серафимов по се изгледа дека следната сезона нема да го носи дресот на неговиот матичен клуб Металург и ќе се пресели во друга средина.
Бекот очигледно дека не најде заеднички јазик со клубот за продолжување на соработката, и заминува од Автокоманда по долги години минати во овој клуб. Опции за него веројатно се останатите Македонски клубови во моментов, а ќе видиме за која опција Серафимов ќе се одлучи.