Ефес ја елиминира ЦСКА и влезе во финалето на Евролигата

190

Турскиот Анадолу Ефес е првиот финалист на Евролигата откако во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн ја елиминира ЦСКА Москва со резултат 89:86. Турците имаа одлично отварање, по првата четвртина имаа предност од +10 (25:15), а добро играа и во следните две четвртини, додека во финишот ЦСКА фати залет меѓутоа не успеа да стигне и да направи пресврт.

Кај Ефес, Мициќ и Шанли беа најефикасни со 25 односно 19 поени, а кај ЦСКА Вил Клајберн уфрли 26.

Вечерва се игра второто полуфинале помеѓу Барселона и Олимпија Милано по што ќе се знае кој ќе биде противникот на Ефес за трофејот наменет за шампион на Европа.

ПретходноПеп останува без еден од главните играчи за утрешното финале со Челзи?
СледноМакедонската снаа во Ол-Стар тимот на сезоната!