Еуро Никел ги доби двата најважни дуели против Работнички оваа сезона. Избраниците на Горан Самарџиев со 2-0 го елиминираа најтрофејниот кошаркарски колектив во финалето на плеј-офот и по пауза од девет години ќе имаат шанса да се борат за титулата.
Кавадарчани последен пат во финалето играа во 2012 година, тогаш со 4-1 во плеј-оф серијата беа совладани од МЗТ Скопје. Оваа година влегоа како бранители на тронот, откако претходно две години по ред доминираа во финалето.
Тогашен Фени Индустри освои три титули, во 2008, 2010 и 2011 година.