Колумбија без Хамес на Копа Америка, причината слаба форма на ѕвездата

279

Ѕвездата на Колумбија, Хамес Родригез не е повикан во репрезентацијата за наредните квалификациски мечеви за СП 2022 против Перу и Аргентина. Исто така фудбалерот на Евертон ќе ја пропушти и Копа Америка која ќе се одржи летово во Аргентина.

Причината што 29-годишниот играч од средниот ред е отстранет од националниот тим е лошата форма и физичка кондиција. Лекарите востановиле дека Хамес не може да одговори на барањата на селекторот, па поради тоа препорачале да не биде дел од националниот тим извесен период. А селекторот Реиналдо Руеда одлучи да направи храбар чекор и да не ја повика ѕвездата и најдобриот стрелец на Мундијалот 2014.

Мечевите со Перу и Аргентина се играат на 4 и 9 јуни, а потоа Колумбија ќе настапи на Копа Америка која почнува на 15 јуни.

ПретходноМЗТ Скопје по брза постапка го реши Пелистер за финале (ФОТО)
СледноКОНЕЧНО: Се укинува правилото гол во гости во европските купови