КОНЕЧНО: Се укинува правилото гол во гости во европските купови

591

Комитетот на клупските натпреварувања под капата на УЕФА на денешниот состанок донел одлука за укинување на правилото гол во гости, открива спортскиот новинар Мартин Циглер повикувајќи се на блиски извори од европската фудбалска централа. Ова е одлучено од комитетот, а потврда треба да даде Извршниот комитет на УЕФА па потоа да стапи на сила.

Според сегашните правила, во случај на нерешен резултат во нокаут пресметките, понатаму оди онаа екипа која ќе постигне повеќе голови на гости.

За вакво нешто одамна се зборува, но сетоа тоа беа само предлози, а сега се чини дека е направен чекор понапред во промена на клупскиот фудбал.

ПретходноКолумбија без Хамес на Копа Америка, причината слаба форма на ѕвездата
СледноИталија тренираше давање голови против Сан Марино (7:0)