ЕХФ пред утрешното полуфинале на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампиони во женска конкуренција го објави Ол-Стар тимот на сезоната. Во него се најде македонската снаа, Едуарда Аморим Талеска, но и една екс-вардарка. Станува збор за Амандин Лејно.
Двете заедно играат за Ѓер, кој пак е последниот освојувач на титулата. Во полуфиналето за противник ќе го имаат тимот на Брест, во другата двојка ќе се сретнат ЦСКА Москва на Сара Ристовска и Кристијансанд.
View this post on Instagram