Ново шоу на Јокиќ, Денвер го врати „брејкот“, Лејкерси поведоа со 2-1 (ВИДЕО)

475

Денвер го врати „брејкот“ на гостувањето кај Портланд славеше со 120-115 и поведе со 2-1 во плеј-оф серијата. Нагетси до победата дојдоа во луд финиш. Со тројката на Лилард на 3,5 секунди до крајот, Портланд имаше шанса за продолжение.

Планот беше Морис да ги промаши двете слободни фрлања, а потоа со тројка да изедначат. Еден дел се исполни, Морис ги промаши двата пенала, но под обрачот добро се снајде Никола Јокиќ, кој стави точка на оваа средба.

Српскиот репрезентативец одново блескаше, зад своето име запиша дабл-дабл од 36 поени и 11 скока, а додаде уште пет асистенции. На другата страна, Лилард постигна 37 поени и пет асистенции.

И ЛА Лејкерси поведоа во плеј-оф серијата, го совладаа Феникс со 109-95. Ентони Дејвис со 34 поени и 11 скока го предводеше актуелниот првак, Леброн Џејмс имаше 21 поен, шест скока и 9 асистенции.

Мајами е пред „метла“, Милвоки ги совлада со 113-84 и дојде до 3-0 во меѓусебните пресметки.

ФОТО: nba/twitter

ПретходноПаника во Барселона: Куман завршил во болница
СледноЛ’Екип: Зидан не сака одмор, тргнува со нова работа!