Ова важи за Англичаните: Нема се*с додека трае ЕУРО!

202

Одлука на селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт, која нема никако да им се допадне на ѕвездите на оваа селекција. Имено Англија има супер талентирана генерација, на Островот не кријат дека на претстојното ЕУРО приоритет е освојување на трофејот, па затоа Саутгејт забрани девојките и сопругите на фудбалерите да бидат во нивна близина. Нема да бидат пуштени во хотелот или базата на селекцијата на Англија. Тоа значи дека нема да има секс.

Засега никој од играчите јавно не кажал нешто против оваа одлука на Саутгејт, но секако дека не им е драго.

Ова се прави со цел да се исклучи секаква можност да “влезе“ и корона во таборот на селекцијата на Англија.

По ова медиумите во Англија ги запрашаа играчите дали ќе издржат месец дена без секс.

ПретходноСтигна потврда, Агуеро потпишува за Барселона
СледноСветиот дрес во рацете на репрезентативците, погледнете ја нивната реакција (ВИДЕО)