Откако Владата на својата седница направи исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари без публика, и дозволи на подготвителниот натпревар против Словенија закажан за првиот ден од следниот мечец да има присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините, во најава се нови олеснувања.
Денеска министерот за здравство, Венко Филипче на својата официјална „Фејсбук“ страница ги објави новите предлози на Комисијата за заразни болести. Според неговата објава втор меч со публика ќе биде и дуелот со Казахстан, кој е закажан на 4. јуни.
„Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот“.
Дуелот меѓу Македонија и Словенија во рамките на подготовките за настапот на ЕУРО 2021 е прв кој ќе се одигра пред публика по стартот на пандемијата на коронавирус во нашата земја.