Откажан дуелот меѓу Е.Пелистер – ППД Загреб, двата тима добија по еден бод

131

Е. Пелистер и ППД Загреб нема да го одиграат својот натпревар од шестото коло на групата А на СЕХА-лигата, ниту во вториот закажан термин.

Комесарот за натпревари во СЕХА лигата, Марјан Начевски одлучи овој натпревар да биде регистриран со резултат 5-5 и двете екипи да добијат по еден бод.  Натрупаниот распоред во шампионатите на Македонија и Хрватска е причината за ваквата одлука на менаџментот на лигата.

Со оваа поделба на бодовите, извесно е дека ППД Загреб ќе го освои првото, а Е.Пелистер второто место во групата. Битоласкиот тим во август во четвртфиналето ќе се сретне со белорускиот првак Мешков Брест, а ППД Загреб го чека победникот од осминафиналето меѓу Вардар и Металопластика.

ПретходноТепачка меѓу фановите на Сити и Челзи во пресрет на финалето на ЛШ! (ВИДЕО)
СледноРаботнички “раскина“ и со Гроздановски!