Официјално: Шкупи носител во 1.коло во квалификациите на КЛ, Силекс и Струга ТЛ се аутсајдери!

2134

Она што се очекуваше во однос на нашите претставници и нивниот настап во квалификациите во новата Конференциска лига, и се оствари.

Имено Шкупи, вицепрвакот на Македонија, според рејтингот, ќе биде носител на стартот од квалификациите и секако дека ќе добие полесен ривал.

Момците на тренерот Гоце Седлоски за противник може да добијат екипи од Малта, Гибралтар, Косово, Албанија, С. Ирска, Литванија, Лихтенштајн, Грузија, Финска…

Додека Силекс и Струга Трим Лум ќе имаат далеку потешка задача. Имено нив може да им се падне екипа како Марибор. МОЛ Фехервар, ТНС, Спартак Трнава, Сараево, Домжале, Сласк Вроцлав, Хафнарфјордур, Судува…

Да кажеме дека само за пласманот во КЛ нашите екипи добиваат 150.000 евра и плус 100.000 од Солидарниот фонд на УЕФА. Во случај на пласман во следната фаза, тие ќе добијат дополнителни 350.000 евра.

Значи Шкупи, Силекс и Струга ТЛ да минат барем едно коло, довиваат по 600.000 евра.

Додека пласман во 3.квалификациско коло ќе донесе уште по 500.000 евра, а учество во плеј – офот нови 750.000 евра.

Наистина убава сума.

ПретходноНов предлог: Стадионите да се отварат за публика и за останатите мечеви
СледноСити ќе биде недопирлив: Пеп ќе потроши 350 милиони евра за три засилувања!