Работнички “раскина“ и со Гроздановски!

647

И дефинитивно ќе има голем ремонт во составот на Работнички. Имено раководството на клубот досега се раздели со неколку свои фудбалери кои во пролетниот дел го носеа дресот на “романтичарите“, а од вчера член на Работнички не е ни Христијан Гроздановски.

Гроздановски во клубот од Градски парк дојде во јануари и тоа од таборот на Силекс.

Досега, по завршување на сезоната, од Работнички се раздели со Драшко Ѓорѓевиќ, Горан Силјановски, Фисник Зука, Стефан Јевтоски, Петар Петковски, Никола Прелчец и Христијан Гроздановски.

Се преговара со повеќе играчи, но засега официјално ново име нема во таборот на Работнички.

ПретходноОткажан дуелот меѓу Е.Пелистер – ППД Загреб, двата тима добија по еден бод
СледноИсточен Мичиген го претстави Савичевиќ: Доаѓа Лука Меџик!