Реал и официјално го потврди Алаба со договор на 5 години

219

Реал Мадрид постигна договор со дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба. Играчот потпиша петгодишен договор со шпанскиот клуб.

Фудбалерот ќе биде претставен како нов играч на Реал Мадрид по завршувањето на Еуро 2021 година.

Претходно беше објавено дека играчот и неговите претставници ќе добијат голем бонус за потпис. Агентот Пини Захави, таткото на фудбалерот Џорџ Алаба и самиот фудбалер ќе добијат 20 милиони евра, доколку Давид стане незаменлив во тимот, а во исто време, Алаба ќе заработува 10 милиони евра годишно.

ПретходноКавадарчани после девет години ќе играат финале
СледноПеп останува без еден од главните играчи за утрешното финале со Челзи?