Роналдо има две отворени опции ако си замине од Јувентус

728

Напаѓачот на Јувентус, Роналдо, е близу до заминување од клубот. Според новинарот Николо Шира, Португалецот има две вистински опции за продолжување на кариерата.

Меѓу нив е во прв ред неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, кој размислува да направи трампа, Роналдо за Погба.

Втората опција за Роналдо е преселба во ПСЖ. Португалецот може да биде заменет со Мауро Икарди кој треба да го напушти францускиот вицешампион.

Оваа сезона, Роналдо одигра 44 натпревари за Јувентус на сите турнири, постигнувајќи 36 гола.

ПретходноШевченко ја остави репрезентацијата на Украина и замина да гледа финале на ЛШ
СледноЕуро Никел прв до финале, Работнички падна по продолжение