Нема крај, нема крај на апетитите на Пеп Гвардиола и трошењето на петро -доларите на шеиците на Манчестер Сити. Имено како што утринава се пишува на Островот, Пеп има намера да потроши 350 милиони евра со цел својот тим да го направи недопирлив. Планот е за 150 милиони да го купи Хари Кејн, ако пак Тотенхем прави проблеми тогаш би му го дал Жезус.
Потоа за 100 милиони евра и повеќе би се донел Џек Грилиш, фудбалерот на Астон Вила и член на репрезентацијата на Англија. И на крај Пеп го посакувал и Нуњо Мендеш, левиот бек на Спортинг Лисабон и селекцијата на Португалија.
А, каде е тука Лео Меси во целата “приказна“?
Или фудбалскиот генијалец ќе биде џек-потот за Гвардиола.