Спировски: Трема не постои, едвај чекаме да стартува ЕП

144

Стефан Спировски е денешниот репрезентативен соговорник со јавноста. Играчот за врска, е еден од оние кои за нас ќе бидат клучни на претстојните мечеви како оние пријателските, така и на главниот настан, Европското првенство.

Спировски одамна е репрезентативец. Ги мина сите младински селекции, освојуваше титули и обезбедуваше Европа со Вардар, а направи и сериозна интернационална кариера. Искуството е на негова страна, такви репрезентативци и ни се потребни.

„Мислам дека сите собири за репрезентација се во суштина исти така да нема некој притисок во момнентов. Се е исто како што  и беше. Тоа што сме пласирани на ЕП не ни прави некоја разлика во моментов. Прв настап за сите на нас е на ЕП сите со нетрпение го очекуваме и подготвени сме за да ја исзрадуваме нацијата“ – вели Спировски па додава.

„Секако дека таа еуфорија е минато, онаа по мечевите со Косово и Грузија. Сега се стремиме кон нови цели. Имаме доволно време до првиот меч, до првите пријателски средби. Да се подготвиме што подобро, чекор по чекор, и нормално со малку среќа зошто да не ја минеме и групата во ЕП“ – истакнува Спировски и потенцира што е потребно за да се биде на највисоко ниво кога ќе се излезе на терен.

„Одговорност да, трема не, можеби малку онаа позитивна. Ќе одиме таму да уживаме во она што следува. Секако дека е чест да се биде дел од оваа репрезентација. Цели пет години сме со овој селектор. Одговорноста е голема кога се претставува Македонија на ваков настан. Добро е да се биде препознаен како репрезентативец честитките годат“ – завшува Спировски.

 

ПретходноСветиот дрес во рацете на репрезентативците, погледнете ја нивната реакција (ВИДЕО)
СледноАврамовски: Би сакал да стигнеме до финале, но одиме меч по меч