Кошаркарите на Црвена Звезда по петти пат се шампиони во АБА лигата, откако вечерва во мајсторката го совладаа црногорскиот Будуќност и така триумфираа со 3-2 во серијата. Вечерашниот меч беше изедначен, но Црногорците немаа сили во завршницата па „црвено-белите“ победија со 67:60.
Кобс од Будуќност беше најпрецизен со 21 поен, а Ландри Ноко од Црвена Звезда имаше 17 поени и 12 скокови, покрај него добро играа и Лојд (15 поени) и Добриќ (11).
FOTO> KK Crvena Zvezda