Шевченко ја остави репрезентацијата на Украина и замина да гледа финале на ЛШ

453

Украинската репрезентација го продолжува тренажниот процес како подготовка за претстојното Европско првенство, но без селекторот Андриј Шевченко. Како што објавија украинските медиуми, популарниот Шева решил да оди да го гледа финалето на Лигата на шампионите, па ја оставил репрезентацијата на помошниците.

Шевченко отишол во Португалија, за да присуствува на финалето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Челзи кое се игра утре. Шевченко, како фудбалер, помина одреден период од својата кариера на „Стемфорд Бриџ“, и веројатно со сетосрце ќе навива за „сините“.

44-годишниот селектор на Украинците се враќа во репрезентативниот камп во понеделник. Македонија на ЕП во Букурешт против Украина ќе го одигра вториот меч закажан на 17 јуни.

ПретходноХабиб јасно кажа кого сака да види на клупата на Реал!
СледноРоналдо има две отворени опции ако си замине од Јувентус