Бобан Данов само седми на европското првенство во самбо

101

Македонскиот репрезентативец во самбо, Бобан Данов на Европското првенство во Лимасол, Кипар, го освои седмото место. Со овој резултат тој стана најуспешниот македонски натпреварувач на шампионатот.

Во првото коло Данов победи противник од Шпанија кој ја предаде бората. Потоа загуби од рускиот репрезентативец Андреј Волков, кој е и фаворит за златен медал.

Во репасажот со Романецот Даниел Натеа, Данов повторно е поразен со 4:2.

ПретходноЕуро Никел прв до финале, Работнички падна по продолжение
СледноКавадарчани после девет години ќе играат финале