Ветено-сторено: Им вративме на Данците со иста мерка

426

Во извонредно издание, македонската одбојкарска репрезентација обезбеди максимална победа од 3:0 (25-23, 25-17, 25-21) на првиот меч во Шлагелсе на вториот турнир од групата „А“ во Европската Сребрена лига.

По поразот во неделата во Струмица, нашите одбојкари најавија дека едвј го чекаат денешниот меч за да им вратат со иста мерка на Данците и тоа се оствари. Уште од првиот сет покажавме дека Данска вечерва нема шанси.

Во првиот сет тргнавме фуриозно со предност од 7:1 со што најавивме брзо освојување на сетот. Иако данците во финишот дојдоа на минус 2, на крајот со 25:23 дојдовме до предност од 1:0.

Во вториот сет имавме сличен почеток со континуирана предност од 4 поени (7:3, 8:4). Кон средината на сетот дојдовме и до плус 6 (13:7) по што Данците паднаа во духот, а ние со 25:17 успеавме да зголемиме на 2:0.

Во третиот сет ја повторивме одличната игра. Данска немаше решение, а ние со 25:21 на крајот дојдовме до убедлива победа.

Љафтов денеска беше фантастичен со 24 реализирани поени. Капитенот Ѓорѓиев заврши со 12.

ПретходноТухел: Утре не играме јас и Пеп, ова не е тениски меч – Играат Челзи и Сити…
СледноКлозе со здравствени проблеми, принуден е да го остави фудбалот