Ѕвездата на Колумбија, Хамес Родригез не е повикан во репрезентацијата за наредните квалификациски мечеви за СП 2022 против Перу и Аргентина. Исто така фудбалерот на Евертон ќе ја пропушти и Копа Америка која ќе се одржи летово во Аргентина.
Причината што 29-годишниот играч од средниот ред е отстранет од националниот тим е лошата форма и физичка кондиција. Лекарите востановиле дека Хамес не може да одговори на барањата на селекторот, па поради тоа препорачале да не биде дел од националниот тим извесен период. А селекторот Реиналдо Руеда одлучи да направи храбар чекор и да не ја повика ѕвездата и најдобриот стрелец на Мундијалот 2014.
Мечевите со Перу и Аргентина се играат на 4 и 9 јуни, а потоа Колумбија ќе настапи на Копа Америка која почнува на 15 јуни.