Лоши вести за репрезентацијата на Украина во пресрет на стартот на ЕУРО. Имено како што информираат медиумите во таа земја, селекторот Андриј Шевченко не ќе може да смета на две свои големи ѕвезди на ЕП, на кое на 17 јуни Македонија игра токму со Украинците.
Имено поради повреда Евгениј Конопљанка и Виктор Коваленко ќе бидат во аут и нема шанси да играат за својата селекција не само против Македонија, туку и на целиот шампионат.
Тоа значи дека средниот ред на Украинците драстично ќе биде ослабен.