По реакциите во јавноста и бројните несогласувања со новиот дрес изработен за настап на наѓшата репрезентација на ЕП, денеска претседателот на ФФМ со пост на социјалните мрежи најави дека сепак гласот на јавноста е во прв план, па Македонија на ЕП ќе игра со старите дресови.
„Фудбалот се игра за фановите“, напиша Муамед Сејдини на официјалниот Фејсбук профил, алудирајќи дека едноставно ФФМ ќе го испочитува мислењето на навивачите.