Манчестер Сити не само што може да стигне до првата титула – европски шампион туку исто така со победа вечерва над Челзи може да го изедначи апсолутниот рекорд на Реал Мадрид по број на победи во ЛШ во една сезона. „Кралевите“ имаа 12 победи во победничката 2001/02 сезона, а Манчестер Сити моментално има 11 победи.
Оваа сезона Сити има 11 победи и едно реми. Ремито беше во гости против Порто (0:0), го победија португалскиот тим дома со 3:1. Славеа два пати против Марсеј, два пати против Олимпијакос, потоа запишаа две победи над Борусија Менхенгладбах во осминафиналето, па уште две против Борусија Дортмунд во полуфиналето, па уште две против минатогодишниот европски шампион Баерн во полуфиналето.
Сити е првиот англиски клуб кој запишал 11 победи во една сезона во ЛШ. „Граѓаните“ ја играат 10-тата сезона во најсилното европско клупско натпреварување или ја играат секоја сезона почнувајќи од 2011/12.