Во последните три сезони три германски тренери ја освојуваа Лигата на шампионите. Јирген Клоп го направи тоа со Ливерпул во 2019, потоа Ханси Флик со Баерн, а сега Томас Тухел со Челзи. Тухел лани не успеа со ПСЖ, но сега му појде од рака со клубот од „Стемфорд Бриџ“.
„Успеавме. Не знам што да кажам. Убаво е чувството вторпат по ред да се игра финале. Некако е поинаку. Играчите имаа голема желба да победат вечерва. Ова беше тежок психолошки меч, моравме да си помагаме меѓу себе за да успееме. Постојано се бодревме и не дозволувавме да паднеме во клучните моменти. Моравме да покажеме храброст и да одиме напред. Сакавме да бидеме камче во копачките на противникот. Тоа го направивме. Го неутрализиравме противникот, го победивме, успеавме, станавме европски прваци“, вели Тухел за БТ Спорт.