Австрискиот селектор предупреди: Македонија е многу опасна, тие ја победија Германија

369

Австриската репрезентација започна со подготовките за ЕП во Бад Тацмансндорф. Во очекување на контролните средби со Англија на 2 јуни во Мидлсброу и четири дена подоцна против Словачка во Виена, селекторот ФОда зборуваше за очекувањата од настапот на Австријците на првенството.

„Ние сакаме да победиме на сите натпревари и да направиме нешто што ниту една австриска репрезентација никогаш не успеала на Европско првенство. Тоа би било историја. Најдобро е да се започне со победа против Македонија, тоа е најважната средба. Тоа ќе го постигнеме само ако можеме да го искористиме моментумот и енергијата“, вели Фода.

За групата, селекторот на Австрија имаше свој осврт.

„Холандија е фаворит во групата. Македонија има квалитети, ја победи Германија. Украина може да се врати на врвни патеки. Клучно е да ги покажеме нашите вистински перформанси“, додава Фода.

ПретходноКелн го демолираше Кил во реванш-баражот и остана во Бундеслигата
СледноДрама без победник, бод за Кузмановски и Пешевски