Агим Ибраими ја засилува Теута за квалификациите во Лигата на Шампионите!

507

Агим Ибраими, еден од нашите најдобри фудбалери се чини дека набргу ќе го напушти Кукс, но сепак ќе остане во елитната лига на Албанија. Како што шпекулираат тамошните медиуми, тој бил пред трансфер во Теута, во таборот на новиот шампион кој ова лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека Теута пред три дена стана нов првак на својата земја, а еден од клучните играчи на тој тим е Баже Тодоровски.

Ибраими имаше одлична сезона во Кукс, постигна 15 голови и заврши како втор стрелец во тамошниот шампионат. Но и тоа не помогна неговиот тим да избори настап во фудбалска Европа.

Покрај Теута, за услугите на нашиот интернационалец силно биле заинтересирани и Тирана и Партизани.

ПретходноПо пенали до финале: Најлоша сезона за Ѓер, Брест за историја!
СледноБаскет Кам испиша историја, ги обедини титулите