Масимилијано Алегри се врати на клупата на Јувентус после две години. Покрај тренерската улога, во тимот од Торино сега ќе ја има и улогата на менаџер, токму тој ќе се прашува за секое засилување или заминување.
Бројни фудбалери се поврзуваат со Јувентус, но она што е извесно е дека ќе има и заминувања. Еден од нив е Кристијано Роналдо. Италијанските медиуми тврдат дека Алегри не го сака Португалецот. Но, неговото заминување ќе биде тешко поради неговата плата која изнесува 31 милиони евра. Засега не постои клуб кој е подготвен да издвои толкава сума на пари.
Старо-новиот стратег на „Старата дама“ го отпишал Роналдо, но дали ќе биде вака останува да видиме во скоро време. Португалецот во Јувентус дојде во 2018 година, одигра 133 меча и постина 101 погодок.