Ал Ахли е супершампион на Африка, ја освои 21. континентална титула!

265

Египетскиот Ал Ахли го победи мароканскиот Ренесанс Беркане со 2:0 во финалето на африканскиот Суперкуп и стигна до својата 21. континентална титула! Мохамед Шериф и Салах Мосен со головите во второто полувреме ја донесоа титулата на Ал Ахли наменета за супершампион на Африка. Финалето се одигра во Доха пред 7000 гледачи поради пандемијата со коронавирусот.
Ал Ахли е најдоминантниот клуб во африканскиот фудбал со девет победи во африканската ЛШ, седум во Суперкупот на Африка, четири во африканскиот Куп на победници на Куповите и една во Купот на конфедерациите.
Инаку во финалето на африканскиот Суперкуп играа победникот на африканската ЛШ, Ал Ахли и освојувачот на пехарот во Купот на конфедерациите на Африка.
Ал Ахли сезонава освен што ги освои ЛШ и Суперкупот на Африка, стана египетски првак, го освои и Купот на Египет, беше третопласиран на Светското клупско првенство. Следна задача е трофејот во египетскиот Суперкуп.
FOTO> Twitter/Al Ahly

ПретходноТухел vs Гвардиола – седми пат еден против друг, првпат во европски меч!
СледноБарди е подобар, но останува во карантин, денеска пристигнува и Пандев