Андонова: Треба вистинска сила и достоинство да се носи дресот на Македонија

340

По бурните реакции околу дизајнот на новиот дрес на Македонската фудбалска репрезентација со кој нашиот национален тим ќе настапи на претстојното ЕП голем дел од нашите спортисти најдоа причина во јавноста да излезат со својот став.

По Горан Пандев, како капитен на репрезентацијата, се јави и Наташа Андонова нашата најдобра фудбалерка и исто така капитенот на репрезенацијата но во женска конкуренција.

„Никој никогаш нема да разбере колку има претрпено мојата земја, треба вистинска сила и достоинство да се биде дел од оваа земја МАКЕДОНИЈА, борбата никогаш нема да престане !
Црвено – жолта тоа е боја за која живот даваме“ – напиша Андонова и објави слика до „десетката“ и со Македонското знаме.
ПретходноПСЖ спреми 60 милиони евра за Хакими
СледноТрагедија: Се удави ракометниот репрезентативец Никола Даниловски