Екипата на Баскет КАМ е новиот шампион на Македонија. Кошаркарките од Македонска Каменица беа подобри од Бадел 1862 во големото финале со 86-66 за конечни 3-1.
На овој начин Баскет Кам испиша историја, оваа сезона ги освои двата трофеи.
Анжелика Митрашиновиќ беше на чекор до трипл-дабл, постигна 24 поени, девет скока и десет асистенции, Гобелиќ беше стрелец на 18 поени. Кај Бедл, Стојановска имаше 20 поени.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ
Бадел 1862 – Баскет КАМ 64:60
Баскет КАМ – Бадел 1862 78:73
Бадел 1862 – Баскет КАМ 59:71
Баскет КАМ – Бадел 1862 86:66