Вечерва се игра третото сеанглиско финале во Лигата на шампионите

93

Вечерва се игра финалето во Лигата на шампионите. Се среќаваат англиските ривали Челзи и Манчестер Сити. Ова е трет случај во финале на најсилното европско клупско натпреварување да се соочат екипи од Англија.

Прв пат беше во 2008 година кога Челзи загуби на пенали 5:6 од Манчестер Јунајтед. Тоа финале се одигра во Москва кое заврши 1:1 по 120 минутна борба на теренот.

Единаесет години подоцна Ливерпул го совлада Тотенхем со 2:0 во Мадрид.

Ако Сити го совлада Челзи ќе стане шестиот различен англиски клуб кој бил крунисан за шампион на Европа после Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Нотингем Форест, Челзи и Астон Вила.

Исто така Сити е деветтиот различен англиски клуб кој стигнал до финалето на ЛШ (порано и КЕШ). Освен гореспоменатите, финале играле уште Лидс Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.

Последен англиски тим кој успеал да триумфира во првото финале во ЛШ (КЕШ) бил Астон Вила во 1982 година против Баерн Минхен.

ПретходноСпалети ќе му биде тренер на Елмас во Наполи
СледноТухел vs Гвардиола – седми пат еден против друг, првпат во европски меч!