Германците нема да се вакцинираат за настапот на ЕУРО!

150

Како што известуваат од Фубалскиот сојуз на Германија, одлучено е фудбалерите, но и сите членови на репрезентацијата да не бидат вакцинирани во текот на подготовките, а ниту во текот на ЕП.

Сепак не значи дека никој нема да биде вакциниран.Имено неколку фудбалери ја примиле првата доза, но додека бидат во репрезентацијата нема да ја примат втората.

Зошто е тоа така свој одговор дава Тим Маер, докторот на репрезентацијата.

Точно е дека нема да има вакцинирање. Едноставно не сакаме да било кој играч има нус појави во текот на подготовките или ЕП. Токму затоа нашите фубалери нема да бидат вакцинирани“ рече Маер.

ПретходноЛШ ФИНАЛЕ: Рекорден број Германци во финале во кое не игра германска екипа!
СледноВернер и неговите промашувања: Германецот промаши два зицери за 15 минути! (ВИДЕО)