FOTO>Twitter/Manchester City
Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата, па сега може да се фокусира кон првото финале во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ успеаја да се најдат во финалето за трофејот европски шампион, а ривал ќе им биде Челзи. Финалето се игра на „Драгао“ во Порто.
Малкумина знаат дека за Манчестер Сити ова ќе биде второ европско финале. А прво по 51 година. Во сезоната 1969/70 „граѓаните“ како победници на ФА купот влегоа во поранешниот Куп на победниците на Куповите.
Тогаш на патот до финалето Сити ги елиминира Атлетик Билбао во 1. коло, потоа белгиски Лирс во второто, па португалска Академика во четвртфиналето и Шалке во полуфиналето.
Во финалето на стадионот „Пратер“ во Виена го совладаа полскиот Горњик Забрже со 2:1.